Започна реконструкцијата на улицата Ужичка во Кичево. Речиси 10 месеци жителите од оваа улица газеа по кал. Пред неколку месеци кога ТВ21 ја посети оваа населба, жителите беа револтирани од состојбата со улицата која е доста фреквентна. Тие ги поздравија работите иако, како што велат, тие се одвиваат со многу спора динамика. Тие истовремено бараат чистење на каналот покрај патот.
Во оваа населба има заеднички контејнери кои, кога и да поминеш се преполни а има отпад и околу нив, поради што се шири лоша миризба.
Од комуналното претпријатие пред неколку дена соопштија дека по реконструкцијата на улицата, комуналното претпријатие на Кичево ќе ги отстрани од улицата заедничките контејнери. Ќе побара од жителите да обезбедат индивидуални канти за во нивните куќи чиј отпад потоа ќе го собира претпријатието. Жителите за ТВ21 рекоа дека оваа одлука ја поздравуваат и очекуваат што поскоро да се реализира и да не остане само ветување на хартија.
Фатмир Дехари преку статус на Фејсбук ова го нарече голем проект велејќи дека улицата е со европски стандарди и европски изглед. Жителите бараат обележување на улицата со бели линии а без поставување лежечки препреки на улицата.
