Се е во рацете на Уставен суд – дали компаниите ќе можат да го избегнат данокот на солидарноста?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доколку Уставен суд не донесе одлука до предвидениот рок, а тоа е 25 октомври, компаниите нема да можат да се спасат од данокот за солидарност, велат од Стопанската комора.

Плаќањето данок е начин на покажување лојалност кон државата и токму во тој контекст Стопанската комора побара од Уставниот суд воведување на привремен инструмент мерка за данокот на солидарност, до донесувањето на конечна одлука, истакна Анета Трајковска од Стопанската Комора.

Од Уставниот суд не даваат надеж дека во овој рок на дневен ред ќе бидат ставени иницијативите за докажување на уставноста на Законот за данокот на солидарноста.

„На прашањето дали Уставниот суд ќе донесе времена мерка за да го стопира спроведувањето на законот, информираме дека согласно Деловникот за работа во оваа фаза од постапката, Уставниот суд не одлучува одделно само за времената мерка, туку кога ќе се расправа и одлучува по главниот предлог во врска со предметот.“, велат од УСтавен суд.

И компаниите кои нема да бидат опфатени со данокот на солидарноста, ја поддржуваат иницијативата до Уставен суд. Исто и СКСЗМ не го поддржува овој вид на данок. Пред неколку дена за ТВ21 изјавија дека казнувањето на компаниите, како што тие го нарекуваат тоа, ќе биде и во штета на граѓаните, бидејќи компаниите нема да можат да се развијат според планираното, а тоа значи дека ќе се враќаат една до две години назад.

Согласно Законот за данок за солидарност обврзник на данокот за солидарност е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари Владата соопшти дека овој данок ќе донесе во буџетот сума од околу 4,7 милијарди денари, односно 76,4 милиони евра.. Солидарната даночна стапка ќе биде 30 проценти, се наведува во законот.