Се интензивираат градежните активности на автопатот Прилеп – Битола, Трајановски вели: Ќе се развива бизнисот и економијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Конечно работите на терен почнаа да се гледаат, истакна премиерот Мицкоски кој беше на терен за да врши увид на градежните активност на автопатот Прилеп-Битола. Додаде дека интензивно се работи и очекува до 2027 година овој проект да биде готов.

Директорот на ЈП Државни патишта, Коце Трајановски истакна дека граѓаните од Прилеп, Битола и Ресен со овој пат ќе имаат подобри услови за бизнис.

Амбасадорката на САД, вели дека многу е задоволно од работата на компанијата кој ги извршува градежните работи.

„Ниту еден збор не може да го замени демонстрирањето на вистинската работа и видниот напредок. Денеска сме во состојба да го видиме тој напредок и знаеме дека тоа се развива и денеска навистина давам аплауз на тие кои направиле многу работа“, рече Агелер.

Од Бехтел и Енка, уште еднаш беше истакнато извонредното значење за граѓаните и бизнисот од потребата од побрзи и побезбедни патишта, кои ќе придонесат за поголем социо-економски развој.

Инаку, работите за коридорот 10д започнаа во мај 2023 година.