Се изврти камион на превојот Стража, сообраќајот во прекин во двата правци (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем камион се изврте во близина на Ново Село на превојот Стража, при што сообраќајот е во прекин во двата правци, јавува репортерот на ТВ21 од терен.

Се чека полицијата да дојде, а прекинот е веќе половина час. Се создаде и огромна колона на возила и од правец од Кичево кон Гостивар, и обратно.

Се очекува во скоро време сообраќајот да биде нормализиран.

Врнежите од снег и голомразицата придонесуваат за отежнати услови за возење на сите превои низ земјава. На овој превој изминатиот викенд имаше забрана за тешки товарни возила.