Се надмина последната законска пречка – „Бехтел и енка“ ќе ги изгради коридорите 8 и 10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се надмина и последната законска пречка во Уставен Суд за коридорите 8 и 10. Со насмевка веста ја соопшти вицепремиерот Артан Груби, додавајќи дека сега ќе се преговара за договорот за изградба со компанијата Бехтел Енка.

„Според предвидувањата на Бехтел, автопатот е поделен во 3 дела, првиот е Гостивар – Кичево, значи автопатот над Стража, вториот дел е Тетово – Гостивар, се проширува со по една коловозна лента од двете страни и со споредниот пат и третиот дел  Требеништа – Ќафасан. Првите два дела Стража и Тетово – Гостивар треба да завршат до крајот на 2024 година, а Требеништа – Ќафасан до 2025 година, кога треба да се заокружи и патот на Блаце до обиколницата со цел да се создаде оваа обиколнциа за која зборуваме“, истакна Артан Груби.

Ова претставува добра вест и за граѓаните и за бизнисите, рече претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа.

„Од оваа инвестиција ќе имаат придобивки сите граѓани, претприемачи од земјата и ќе имаме добар економски развој и зголемување на инвестициите во нашата земја. Тоа е автопат кој ќе создаде поголем тек и побрзо поврзување со земјите од регионот, нешто што е создадено со години и ќе влијае врз развојот на целиот регион, Западен Балкан и ќе бидеме поблиску ЕУ“, вели Неби Хоџа.

Иако одлуката за изградбата на коридорите 8 и 10 Антикорупциска ја оспори во Уставен Суд, поради тоа што компанијата беше избрана без тендер, сепак Уставен тоа не го зема предвид.

Инаку коридорот 8 е сообраќајна делница со која се поврзуваат Македонија, Бугарија и Албанија.