Се намалуваат рестрикциите на движењето – полициски час од 19 часот до 5 часот наутро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил истакна дека штотуку се донесени важни одлуки на седница на Влада.

„Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето. Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро“, пишува тој.

Спасовски додаде дека за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне, додека младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Штотуку донесовме важни одлуки на седница на Влада.Повеќе детали на прес-конференцијата во 17 часот.Почнувајќи од…

Gepostet von Oliver Spasovski am Mittwoch, 22. April 2020