Се напил и си го променил името во Селин Дион, па заборавил на тоа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден млад човек од Велика Британија се опил и го сменил името во Селин Дион.

30-годишникот од Стафордшир, чие име беше Томас Дод пред официјално да го смени името во Селин Дион, е голем обожавател на канадската пејачка. Тој вели дека пиел премногу за Божиќ додека го гледал концертот на пејачката на Јутјуб и токму тогаш најверојатно ја добил идејата.

Промената на името преку апликацијата го чинела 89 фунти, но Селин купил дополнителни осум сертификати за по 10 фунти во случај некој да не му верува.

Тој исто така вели дека не се сеќавал дека го сменил името додека не ги добил документите на адресата.

„Малку сум опседнат со неа, нема да лажам“, изјави Селин Дион за Бирмингем во живо.

„Сега само молам да не ме застане полиција затоа што тоа може да биде чудно“, се пошегува тој.

Тој исто така откри дека неговата мајка не била среќна.

„Јас и објаснив дека може да биде полошо и дека можев да бидам Борис Џонсон. Имаме среќа што нема концерти“, додава тој.