Денеска се одбележуваат 17 години од авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и делегација која заедно со него патуваше во Мостар, БИХ.
Државниот врв на чело со актуелниот претседател Стево Пендаровски, ќе положи венци со свежо цвеќе на гробот на Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на неговата делегација, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.
Делегации на Кабинетот на Претседателот ќе положат свежо цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.
