Од 11 март годинава, во Македонија не се одигра ниту еден фудбалски натпревар. Поради пандемијата на коронавирусот, сите активности на фудбалските клубови беа стопирани, а беше прекинато и првенството во сите категории.
Останаа само да се одиграат баражите за потполнување во Втората лига, но и тие се откажани, откако во некои од екипите имаше позитивни случаи на Ковид-19.
Денеска во Битола на стадионот „Тумбе Кафе“, се одигра првиот фудбалски меч по точно четири месеци. И тоа пријателски меч во кој домашниот тим Пелистер го совлада Борец од Велес со 1:0.
Тоа беше прв и засега единствен меч по паузата поради коронавирусот. Нормално, се одигра пред празни трибини.
