Се одолговлекува ли работата на патот Групчин-Желино? – Младите од АА-ААА со обвинувања на адреса на О.Желино

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Младинските форуми на Алијанса за Албанците и Алтернатива го обвинија градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу поради одолговлекување на градежните активности за реконструкција на патот Групчин-Желино. Велат дека овој пат  е под надлежност на општината и дека на граѓаните им било ветено дека до јануари годинава патот ќе биде завршен.

„Реконструкцијата на патот Карпалак-Желино започна во септември минатата година и трае седум месеци. Патот Групчин-Желино е во бедна состојба и поради ова жителите го користат автопатот и се принудени да плаќаат патарина. И покрај бројните изјави од општина Желино – дека не можат да работат поради климатските услови, тука ништо не е променето и покрај ветувањата дека патот ќе биде завршен во јануари годинава. Затоа, Младинските форуми на АА-ААА сметаат дека почна да дува ветерот на корупција“, истакна Фатиме Шерифи.

Првиот човек на Желино, Блерим Сејдиу, е зачуден од овие обвинувања. Вели дека патот конечно почнал да се санира по цели 35 години.

„Никаде во светот не сум видел луѓето да се жалат на работите што се градат и се реконструираат. Требаше да се жалат зошто тој пат не беше изграден, а не зошто се гради. Зима е, февруари е, од понеделник ќе продолжат активностите на тој пат и за два месеца ќе биде завршен. Ќе биде пат со сите стандарди кои требаше да ги има и пред 35 години“, истакна Блерим Сејдиу. 

Овој пат почна да се реконструира во септември. Телевизијата 21 пред еден месец извести за лошата состојба, кој е под надлежност на ЈП за државни патишта. Тогаш , Директорот, Ејуп Рустеми, рече дека климатските услови не дозволуваат да продолжат градежните активности на оваа делница.