Се одржа и петтиот настан од проектот „Зaеднички темели“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчеравечер во дворот на ТВ 21 се одржа и петтиот од вкупно шесте предвидени настани од проектот „Зеднички темели“, овојпат на тема: „Спорт – развојот и успесите на Албанците во неависна Македонија “.

Проектот „Зaеднички темели“ кој е на тема: „Промоција на духот и културата на Албанската нација во креирањето на РСМ од нејзиното постоење до сега”, претставува дел од прославата на 30 годишнината од независноста на Северна Македонија.

На настанот којшто се одржа вчера во дворот на ТВ 21, беше промовиран краткиот документарен филм на тема: „Спорт – развојот и успесите на Албанците во неависна Македонија “, во кој наши истакнати спортисти коишто се дел од тимовите коишто ни ги приредија најголемите успеси и радости во изминатите 30 години од независноста на Република Северна Македонија, зборуваа за култните настани и натпревари кои оставија траен белег во историјата на македонскиот спорт и општо во историјата на нашата држава. Настанот беше заокружен со мала коктел забава на која гостите имаа можност да ги проследат изведбите на наши познати македонски музичари. Краткиот документарен филм од настанот ќе биде прикажан во петок (20.08) во 11:00 часот на ТВ21.

Следниот, шестиот, настан, воедно и последен од овој серијал настани, ќе се одржи на 25.08, во исто време на исто место, на тема: „Албанска традиција и соживот во Република Северна Македонија“.