Се огласи Бајден: Ви благодарам што ми давате сила со вашата љубов и поддршка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот американски претседател Џо Бајден, на кого му беше дијагностициран прогресивен облик на рак на простата, објави преку својот Инстаграм профил.

„Ракот нè погодува сите нас. Како и многумина од вас, Џил и јас научивме дека сме најсилни кога е најтешко. Ви благодариме што ни давате сила преку вашата љубов и поддршка“, напиша Бајден.

Да ве потсетиме, американските медиуми објавија дека Бајден бил прегледан минатиот петок поради нов наод за простатата, по 
зголемените проблеми со уринарниот систем.