Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Русија разговараат за „големи економски проекти“ како дел од преговорите за Украина.
Трамп вели дека е во „сериозни разговори“ со Путин за ставање крај на конфликтот во Украина и дека преговорите со Русија се одвиваат „многу добро“.
Американскиот претседател смета дека Вашингтон не треба да троши пари за помош на Украина, а договорот ќе помогне да се исправи тоа.
Трамп се надева дека „многу брзо“ ќе потпише договор за ретки метали со Украина.
„Денеска, францускиот претседател Емануел Макрон ми се придружи во Овалната соба за да зборуваме заедно на Самитот на Г7. Состанокот го свика канадскиот премиер Џастин Трудо, овогодинешниот претседавач на Г7, за да се одбележи третата годишнина од војната меѓу Русија и Украина – која никогаш немаше да започне ако бев претседател“, изјави Трамп.
Сите нагласија дека целта е да се стави крај на оваа војна, а јас ја истакнав важноста на важниот договор за „критичните минерали и ретки метали“ меѓу Соединетите Американски Држави и Украина, кој се надеваме дека наскоро ќе биде потпишан! Овој договор, кој претставува „економско партнерство“, ќе му обезбеди на американскиот народ враќање на десетици милијарди долари и воена опрема испратена во Украина, а во исто време ќе помогне во развојот на украинската економија по завршувањето на оваа брутална и дива војна.
„Во исто време, имам сериозни разговори со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната, но и за големите економски трансакции меѓу САД и Русија. Преговорите напредуваат многу добро“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Site naglasija deka celta e da se
