Премиерот Заев со порака на Фејсбук возврати на денешните обвинувања од страна на Каракачанов.
„Јас сум Македонец 🇲🇰 кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи. Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза. Доста беше омраза!“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук, премиерот Зоран Заев.
Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во изјава за медиумите упати навреда кон македонскиот премиер Зоран Заев истакнувајќи дека „по стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“
Тој додаде дека тоа дали му верува или не, нема никакво значење затоа што претпочита веќе да не верува на декларации и интервјуа, а да гледа што се прави.
Во изјавата Каракачанов ги повторува ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја.