Се огласија од турнирот во Рим за здравствената состојба на Ѓоковиќ откако беше погоден со шише во глава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ доби удар со шише во глава после победата во второто коло на Рим, и заврши во амбуланта, при што беше откажана прес-конференцијата. Сега се огласија од турнирот во Рим и ја соопштија ситуацијата на српскиот ас.

Србинот е добро, добил лекови, и се вратил во хотелот. Нема причина за загриженост.

„Новак Ѓоковиќ ги доби потребните лекови, и веќе го напушти „Форо Италико“ и се врати во хотелот. Ситуацијата е добра, и нема причина за загриженост“, соопштија од турнирот.