Се подготвува ли „местенка“ на ЕВРО 2024? Овие две селекции играат меѓусебно, а со нерешено и двете одат во 1/8 финале

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во пресрет на 3. коло во групата Е на Европското првенство, ситуацијата е неверојатна, откако сите селекции пред последното коло имаат идентичен број на бодови – три.

Ако се знае дека четири бода ќе бидат доволни за пласман во следната фаза, дури и како една од четирите најдобри третопласирани селекции, јасно е дека на Романија и на Словачка им одговара нерешено на нивниот меѓусебен дуел.

Во такво сценарио, Романија и Словачка веројатно ќе се пласираат во следната фаза, а ќе „извиси“ една од селекциите на Украина и Белгија кои играат меѓусебно. На Украина не и одговара нерешен резултат, само доколку Романија и Словачка играат „икс“.

Белгија важи за фаворит во дуелот со Украина, но со пораз ќе бидат елиминирани, а со бод тие ќе бидат во подобра позиција од Украина.

Од УЕФА најавуваат дека будно ќе ја следат ситуацијата со овој натпревар кој е на програмата во среда во 18 часот.

Standings provided by Sofascore