Се подготвува теренот за модуларната болница во Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Охрид ги почна градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс, каде ќе биде поставена модуларната болница за третман и лекување на пациентите со Ковид-19.

Во текот на денешниот ден екипите на општинските јавни претпријатија спроведоа активности за чистење и подготовка на просторот.

Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и за реализирање на градежните активности беше избрана фирмата „МН-АС Констракшн” од Струга.

На просторот каде ќе бидат поставени монтажните објекти се врши извршен земјен ископ, по што следува тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, ќе биде извршено поставување на водоводна и канализациска мрежа и ќе се спроведат приклучоци за електрично напојување.

Модуларната болница ќе има капацитет од 40 легла и ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во Општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во Охридскиот регион.