Се подготвува Закон за брзите кредити – нема да има исплата во кеш, пари исклучиво на сметка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерство за финансии работи на измени на Законот за финансиските друштва со цел зајакнување на контролата и транспарентноста во секторот. Поконкретно ова се однесува за поголема контрола на брзите кредити.

Се предвидува воведување задолжителни внатрешни тела, како одбори за ревизија и кредитен ризик, како и построги услови за отворање нови деловни простории.

Измените предвидуваат и зголемување на основната главнина на финансиските друштва. Кредитите повеќе нема да се исплаќаат во готовина, туку исклучиво преку банкарска сметка.

Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека мерките следуваат по контроли кои откриле слабости и неправилности во работењето на дел од друштвата. Во одредени случаи биле преземени мерки, вклучително и одземање лиценци.

Целта е поголема заштита на граѓаните и повисоки стандарди во финансискиот сектор.