Се прават списоци на ученици кои немаат таблети – „Само во едно училиште 80% од учениците немаат смартфони“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основните училишта ги подготвуваат списоците на учениците кои од септември ќе учат со паметни уреди. Директорката на ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир, Бурбуќе Имери, вели дека нивното училиште има 120 ученици во трето одделение. 100 од нив немаат паметни уреди, а само 20 ученици имаат услови за да се снабдат со паметни уреди. Вели дека утре е последниот рок за доставување на списокот на учениците.

„Во наши услови, тоа не може да се реализира. Направивме анкета во нашето училиште со родителите на учениците од трето одделение, кои во септември ќе бидат во четврто одделение. 80 отсто ја немаат потребна опрема за онлајн учење“, истакна Бурбуќе Имери.

Прашавме и во другите училишта во земјата. Во Основното училиште „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“Арачиново, родителите не прифаќаат нивните деца да учат со дигитални учебници, а и училиштето „Пенко“ во Бутел, го подготвува списокот на учениците кои немаат уреди.

Реагираше Претседателот на Унијата на средношколци, Бленди Ходаи. Вели дека не се против дигитализацијата, но за тоа треба да се консултираат учениците и родителите, бидејќи најголем дел од нив немаат уреди и интернет.

Министерката за образование, Мила Царовска, не се откажува од ова одлука. Неколку пати по ред изјави дека четвртите одделенија ќе учат со дигитална учебници од септември, но објасни дека доколку овој процес тешко се реализира и не е функционален, одлуката ќе биде прекината. Царовска додаде дека учениците кои ќе одбијат да учат од дигитални учебници, ќе имаат опција да учат од скрипти.