12-ти февруари е рокот кога престануваат да важат патните исправи со старото име на државата „Република Македонија“. Личните документи пак продолжуваат да важат, но само за внатрешна употреба.
По оваа информација, граѓаните беа револтирани затоа што иако имаат важечки документи, сепак мора повторно да извадат и за тоа самите да платат. Сликата пред пунктовите за вадење лични документи е долги редици и нервозни граѓани кои чекаат со часови за да поднесат или да земат документи.
Но, се чини дека власта размислува да ги врати парите на граѓаните кои ги потрошиле за нови, а имале важечки лични документи.
Ова ексклузивно во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Со новиот премиер, на првата седница веднаш формираше работна група за да се изнајдат решенија. Решенија за кои што има неколку сценарија од можноста државата да компензира за тие кои што имаат важечки пасош а заради Договорот мора да ги сменат, до можноста за реорганизирање на службите. Денеска имаше прв состанок на таа работна група“, вели Османи.
Според Османи, засега оваа идеја е на ниво на сценариo.
Целата емисија може да ја гледате на ТВ21 во 19 часот:
