Владата донесе одлука за спречување на ширењето на Ковид-19. Една од мерките е граѓаните да не се собираат во парковите повеќе од пет лица. Но дали ја почитуваат оваа мерка граѓаните? Неколку пензионери излегле во паркот и играат карти. Беа петмина но едниот се оддалечи кога ја забележа нашата екипа.
Имаше и други групи од по пет лица. Еден граѓанин кој беше со двајца пријатели вели дека веќе не знаат каде да одат.
Во редакцијата на ТВ21 граѓаните испраќаат фотографии на кои се гледаат групи граѓани во група од над 5 лица. Оваа фотографија е направена во центарот на градот каде се гледа како граѓаните не ги почитуваат ни правилото за оддалеченост од еден метар еден од друг.
Владата донесе одлука, лицата кои не ги почитуваат новите мерки донесени од Влавата за спречување на вирусот, ќе бидат казнети согласно Кривичниот законик, член 205 – 206. И денеска во паркот Жена борец беше речиси преполно со луѓе. На клупите во паркот седеа по две или повеќе лица.
