Се сруши мост во Италија (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мост во Италија се сруши денеска додека на него биле две товарни возила, пренесуваат италијанските медиуми.

Според првите информации, еден од возачите успеал да се спаси и да излезе на безбедно, додека вториот е пренесен во болница.

Инцидентот се случил во Тоскана, на мостот кој ги поврзува патиштата СП69 и СП70.

Две возила го преминувале мостот во мигот кога паднал. Пандемијата на коронавирусот придонел да нема толку сообраќај. Во нормален ден мостот го минуваат многу возила.

Засега не се познати причините за рушењето.

Пред две години во Џенова се сруши адукт и тогаш загинаа 43 лица.