Се удави репрезентативниот голман, Никола Даниловски, во Охридското езеро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црн ден за македонскиот спорт, посебно ракометот, во водите на Охридското езеро под засега неразјаснети околности се удави македонскиот репрезентативен голман Никола Даниловски.

Под засега непознати околности, кои во моментов се истражувани од охридската полиција, во водите на Охридското езеро животот го загуби голманот на РК Охрид и македонски репрезентативец 26-годишниот Никола Даниловски.

Безживотното тело на голманот Даниловски е пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро, а како што информираат од охридската полиција, на телото немало траги од насилство.

Охридската полиција информираше дека Никола Даниловски од синоќа се водел за исчезнат а по него интензивно ноќта трагале полицијата и неговите соиграчи и блиски пријатели.

Безживотното тело на Даниловски било пронајдено денеска во близина на Охрид во туристичката населба Лагадин.

Поради трагичната смрт на младиот голман, денеска е одложен мечот од Суперлигата во ракометната лига на Македонија, меѓу Охрид и Струга.