Се уште го немате новиот дизајн на Фејсбук? – Еве како едноставно да го активирате

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот дизајн на Фејсбук неодамна стана достапен за сите корисници низ целиот свет.

Некои луѓе ја активирале оваа опција уште во март со едноставно кликнување на известувањето што го добиле, но доколку не сте добиле известување или пропуштиле да ја активирате, сега лесно можете да стигнете до новиот изглед на Фејсбук.

Неопходно е да кликнете на стрелката покажувајќи надолу, што се наоѓа во менито од горниот десен агол.

После тоа, ќе се отвори менито,а меѓу опциите ќе биде и „Switch to New Facebook“ што треба да ја изберете. Тука ќе имате и опција да изберете светол или темен режим (dark mode/light mode)

Доколку новиот дизајн на Фејсбук не ви се допаѓа, можете исто лесно да се вратите на стариот. Само кликнете на споменатата стрелка и од менито изберете ја опцијата „Switch to Classic Facebook“.

Од Фејсбук соопштуваат дека новиот дизајн е создаден за да им овозможи на корисниците полесно да го најдат тоа што го бараат. Исто така, дизајнот е адаптиран и за полесен пристап и објавување во групи на Фејсбук, така што сега веќе не треба да го напуштите вашиот „newsfeed“ за да објавите нешто во некоја Фејсбук група.