Сè уште не е побарано екстрадиција на дипломатот – за Македонија, Миленковски ниту е осуден, ниту има постапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Против дипломатот Миле Миленковски нема постапка, ниту е осуден, затоа земјата не побарала негова екстрадиција од Србија, каде е во притвор.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објасни дека денеска неговиот ресор не добил информации според кои се бара трансфер или екстрадиција.

Нагласи дека институциите од Србија не стапиле во контакт со Министерството за правда.

„Јас ги имам информациите што ги имаат веројатно и јавноста и дел од владините функционери. Министерството за правда нема тука улога, бидејќи лицето кое што е во притвор, нашиот дипломат кој што е во притвор во Србија, нема кај нас отворена постапка заради која што ние би го барале како држава“, истакна Бојан Маричиќ.