Се зборува за сериозен скандал за актуелниот градоначалник на Бутел, се надевам ќе објавам видео наскоро, вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатот за градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски во изборната дебата на ТВ21 посочи дека се зборувало за сериозен скандал за актуелниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски.

Тој вели дека се надева дека наскоро ќе објави и видео снимка.

„Во многу населени места, луѓето се жалат дека некој од општината за еден обичен документ за легализација им се бара мито. Тоа во овој момент е многу тешко да се обелодени, но после 17-ти јас ви давам збор дека ќе се испита детално и секој еден денар злоупотребен на граѓаните на општина Бутел ќе биде вратен, и тоа што е најважно е дека ќе има одговорност“, додаде Костовски.

На ова, актуелниот градоначалник Смилевски истакна дека ова е веднаш за кривична пријава.

„Барам обвинителството веднаш да си го викне кандидатот и да провери како во мое време изградил објект и ќе го легализира… Имаме закон од 2013 година, луѓе ова е сериозно“, вели Смилевски и додава дека за вакви работи нема простор 17-ти да се чека.

„Ова е сериозна работа“, додава Смилевски.