Се зголеми бројот на загинати во ноќен клуб во Доминиканската Република

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се зголеми бројот на загинати при уривање на покривот на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република.

Најмалку 44 лица загинаа, а повеќе од 160 се повредени.

Според локалните власти, за време на несреќата во клубот имало многу политичари и спортисти.

Директорот на Центарот за итни интервенции, Хуан Мануел Мендес, изјави дека 12 часа по инцидентот спасувачките екипи сè уште извлекуваат преживеани од под урнатините и вети дека нема да запрат сè додека не бидат сигурни дека сите се извлечени.

„Потврдена е смртта на 44 лица“, рече Мендес попладнево. Властите претходно соопштија дека бројот на повредени е најмалку 160.

Меѓу жртвите е и гувернерката на северозападната провинција Монте Кристи, Нелси Круз, како и сестрата на седумкратниот учесник на Ол-стар тимот на МЛБ, бејзбол-ѕвездата Нелсон Круз. Според изјавата на првата дама Ракел Абрахе, Круз се јавила на претседателот Луис Абинадер во 00:49 часот по полноќ и му рекла дека покривот се урнал и дека таа е затрупана. Таа подоцна починала во болница, соопштија властите.