Се жалат рент а кар компаниите – Претседателот на здружението: Доколку не се реши проблемот со кредитите, ќе банкротираме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ковид -19 освен врз луѓето, влијае и врз компаниите кои изнајмуваат автомобили. Овие компании бараат од Владата да им се одлага плаќањето на кредитите за три месеци. Рамадан Идризи од Здружението на компаниите кои изнајмуваат автомобили, вели дека од 5 март на компаниите им се откажени сите резервации и немаат нови резервации.

„1/3 од продажбата на нови автомобили во земјата ги земаат компаниите кои изнајмуваат автомобили, општо 60-70% од тие автомобили се финансираат од банките или лизинг компаниите. Главниот проблем е во тоа што со стопирањето на работата, ние немаме можност да ги направиме месечните плаќања. Затоа се обративме до Владата и надлежните министерства за одлагање на плаќањата кон банките и лизинг компаниите, минимално 3 месеци, доколку ескалира ситуацијата во светски рамки, тој рок да се продолжи“, вели Рамадан Издризи.

Околу 500 автомобили останале надвор од земјата велат од Здружението. Тие бараат и можност да се донесат автомобилите во земјата.

„Од 1 март кога ги изнајмивме автомобилите во државите на регионот, Косово, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, тие автомобили не можеме да ги вратиме во државата и над 500 автомобили, на сите партнери кои ги имаме Рент а кар, кои и ги даваме на нашите клиенти кои доаѓаат со Визер во скопскиот аеродром,останале во земјите од регионот. Клиентите не можат да ги донесат а ниту ние не можеме да отидеме таму за да ги земеме“, додава Идризи.

Идризи вели дека немаат воопшто работа, а компаниите во аеродромот плаќаат паркинг место за околу 1500 автомобили. Додава дека доколку не се реши овој проблем, околу 90% од компаниите ќе банкротираат.

Од Народна банка најавија дека нема да има одлагање на плаќањата на кредитите поради настанатата ситуација со Ковид-19. Само ќе им се даде простор на банките да одредат поволни услови за постоечките кредити за корисниците – правни и физички лица, кои пред 29 февруари годинава немале проблем со плаќањата.