На Албанците во Македонија веќе 30 години им недостига правда. Албанците од Македонија се праќаат во затвори за десетици монтирани случаи. Зошто ниту официјална Приштина, ниту Тирана не го крена гласот барем малку за да ги заштити интересите на Албанците во Македонија?
Ова беше првото прашање кое му беше поставено на Претседателот на Албанија, Илир Мета, во текот на неговата средба со студентите. Мета прифати дека Македонија можеби има проблеми со правосудниот систем, но нагласи дека такви проблеми има секоја држава, посочувајќи ја како пример Италија. Вели дека задачата на младите е да бараат поголема одговорност и правдата да биде еднаква за сите.
-Јас разбирам дека тука има проблем со правдата, но немојте да мислите дека ние во Албанија сме пример за чиста правда. И ние имаме сериозни проблеми. Три години бевме без Уставен суд. Не сум тука за да судам за стандардите на правдата во Македонија. Се надеваме и веруваме дека и ЕУ и другите партнери ќе помогнат во правењето на овие проценки, а ние кога и да имаме одредени проблеми им ги пренесувавме и ќе им ги пренесуваме на властите.
Студентите се пожалија и на недоволна размена меѓу студентите од Албанија и С.Македонија, изјави претседателот на Албанија, Илир Мета.
-Без дилема дека размените на образовно и културно ниво се повеќе од потребни и треба да се зголемат. Ние треба да направиме повеќе и побрзо да ги исполните нашите обврски од заедничкиот културен договор, со цел да бидеме што поактивни тука во културните активности, вели Мета.
Мета беше прашан и околу заминувањето на младите од татковината:
-Мојот став е дека надвор можете да најдете сѐ, не само за вас, туку и за вашите родители. Можете да најдете подобро платена работа и многу други можности, но никаде нема да можете да ја најдете татковината.
Мета изрази разочарување од подготвеноста на младите да преземат одговорност. Меѓу другото рече дека Албанците треба да ги изнајдат сите форми за меѓусебна соработка со земјите од регионот преку размена на културни, научни и економски средства. Ова Претседателот на Албанија го изјави на средба со студентите при неговата посета на Македонија, со кои разговараше на тема „Албанците во новиот милениум – предизвици и перспективи“.
