28 затвореници од битолскиот затвор преку писмена изјава се жалат дека не им е дозволено да користат некои од основните права кои им следуваат со закон.
Во писмото испратено до Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет се вели дека на некои од затворениците не им е дозволено да го користат правото од 7 часа за да излезат надвор и 4 часа за посета со семејството, како и други права.
Затворениците, главно Албанци се жалат дека цело време се навредувани од страна на вработените, особено од раководителката на секторот. Загрижени за ваквата ситуација се и роднините на затворениците кои исто така се жалат дека воопшто не се пречекани добро кога доаѓаат на посета кај нивните блиски.
„Ги малтретираат, ги навредуваат, не ги земаат предвид нивните барања, кога ќе ги замолат писмено, таа го зема барањето и им го кине пред очи и им вели дека таа е нивниот Господ и дека тие немаат никакво право и дека ќе им се одмазди на секаков начин и им вели дека не можат да излезат живи од затворот. Ние со адвокат доставивме жалба до затворот, до институциите за права на затворениците, невладини организации, кај Народниот правобранител“, вели родител.
ТВ21 ја контактираше и канцеларијата на Народниот правобранител во Кичево, од таму ни рекоа дека ја добиле жалбата и дека ги преземаат потребните мерки.
„Ја добивме жалбата и испративме жалба и барање до овој затвор, за да не известат детално и да ни биде дозволено да ги посетиме“, вели народниот правобранител.
ТВ21 се обиде да ја контактира со раководителката на затворот во Битола но никој не ни одговори, само ни рекоа дека во текот на утрешниот ден ќе разговараме за конкретниот случај.
