Седница на ИО на СДСМ: Дефинирани уште пет кандидати за градоначалници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва на седница на Извршниот одбор на партијата, биле дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

Од партијата велат дека по спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва дефинирани биле дополнителни пет кандидати за градоначалници.

1.       Ѕвонко Пекевски – Берово

2.       Борис Георгиевски – Гази Баба

3.       Јасмина Гулевска – Могила

4.       Тони Делков – Неготино

5.       Даниел Крстевски – Ранковце

„Ова се кандидатите кои Извршниот одбор, раководството на партијата, ги дефинираше заедно со граѓаните и членовите на партијата од овие општини.

Токму граѓаните знаат која личност е најдобрата опција за нив и затоа токму заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата кадровска понуда за секоја општина.

Анализите, истражувањата на јавното мислење и консултациите продолжуваат и во овој период. Како што најавивме и претходно, фазно, до крајот на август, ќе ги објавиме кандидатите за сите општини во кои СДСМ ќе настапи со свои кандидати.

СДСМ е и останува прв во промените, прв во храбрите одлуки и чекори и така ќе биде и на овие локални избори“, посочуваат од СДСМ.

Тие додаваат дека го носат најдоброто за секоја општина.