„Сега е време“ – Алијанса/Алтернатива со завршен митинг во Скопје, пред Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уште неколку часа до завршување на изборната кампања а АА и Алтернатива ги реализираат последните средби со граѓаните. На овие избори, со слоганот “Сега е време“ го бараа гласот на граѓаните ветувајќи промени. Синоќешниот митинг се одржа во Гостивар.

„Албанците ќе гласаат за промена, Албанците ќе гласаат за враќање на надежта, ќе гласаат за враќање на нивната гордост. Драги гостиварци гледам дека сите вие сте активисти и гласници на промените, вие сте тие што ќе го вратите достоинството и слободата“, рече Села.

Само што сакаше да добие збор Африм Гаши од Алтернатива, започна молитвата во џамија (езан), а тој во знак на почит се повлече за момент.

„Ќе работиме деноноќно. Нема воопшто да штедиме за нашите училишта конечно да престанат да произведуваат само дипломи туку пред се знаење и дипломи.“, изјави Гаши.

Во текот на денот коалицијата одржа активности во Старата скопска чаршија делејќи промотивни материјали. Коалицијата АА и Алтернатива карванот го завршуваат вечерва во главниот град пред Владата на РСМ во 20 часот.