Јазикот е неверојатна бариера во односите помеѓу двете земји, смета
Доц.Михаил Иванов, професор на Новиот бугарски универзитет, советник за етнички прашања на претседателот Желев (1990-1997), коосновач на Клубот за бугарско-македонско пријателство. На прашањето Дали е можно владата на Бугарија да продолжи со ревизија на одлуката за отворање на европската перспектива за Македонија, Михаил Иванов вели дека не може и дека нема да го направи тоа.
„Како проблемот со започнувањето на претпристапните преговори со Македонија веќе да остана во позадина. Од друга страна, Бугарија нема многу потези во моментов. Работите сега се во ЕК, таа ќе преговара со Република Македонија”, вели Доц.Михаил Иванов.
Иванов го нарече “бесмислено инсистирање” барањето за вклучување на Бугарите во македонскиот устав. Нашите бугарски националисти сакаат да стават јасна уставна етничка поделба помеѓу Македонците и Бугарите, а од друга страна велат дека сме еден народ.
„Вклучување во преамбулата, заедно со македонскиот народ како посебна етничка заедница -заедно со Албанците, Србите, Турците, Бошњаците како и другите етнички заедници. Не случајно авторитетната организација на Бугарите во Македонија во Скопје се спротивставува на овој предлог и инсистира на истиот да биде отфрлен. Се прашувам на нашите националисти кој „бијат тапан“ дека нема разлика меѓу Бугарите и Македонците и во исто време сакаат да стават јасна разлика во уставот, етничка разлика помеѓу Македонците и Бугарите”, додава Доц.Михаил Иванов.
Според него непризнавањето на македонскиот јазик доведе до “вештачка формула”, која всушност е “извртување за да не се каже дека го препознавате македонскиот јазик”. Тоа довело и до бариера во односите помеѓу двете земји додава.
