Сега може да се разбудите покрај Зеленски (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинскиот претседател Володомир Зеленски стана многу популарен во последно време, по нападот на Русија врз неговата земја.

За некои тој е секс симбол, а се појавува често и во облека што не доликува на претседател. Нема одела, нема кошули, туку едноставно само по маица или тренерка.

Еден чешки дизајнер сега ја користи таа популарност, и продава перници со ликот на Зеленски. Меѓутоа вистината е дека тие пари ќе ги донира на Украина во битката со Русија.

Веќе има продадено 2.000 парчиња, и собрал 18.900 долари. Рече дека планира да прави уште, со оглед дека побарувачката е голема.