Со цвеќиња и фотографии кои го прикажуваат геноцидот во Сребреница, во паркот во Чаир е одбележан 11-ти јули, сеќавање на егзекуцијата на над 8.000 невини луѓе.
Цвеќе положија и почит одадоа првиот вицепремиер Изет Меџити, како и пратениците Мерита Коџаџику, Фериде Хаџиу и Беким Сали.
Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, говорејќи за геноцидот, рече дека подале братска рака на бошњачката заедница.
„Има рани кои никогаш не зараснуваат, има болки кои никогаш не се забораваат како денес. Пред 29 години во Сребреница беа убиени повеќе од 8300 невини луѓе. Над 8.300 момчиња кои биле во цутот на младоста. Нивните животи беа сурово одземени. На 11 јули 1995 година во Сребреница е извршен геноцид од Србите“, вели Висар Ганиу.
И додека Меџити, Ганиу и другите положија цвеќе и подадоа братска рака, сочуствувајќи ја болката на Бошњаците, вицепремиерот на Владата, новиот министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, пред извесно време се потсмеваше со геноцидот, нарекувајќи го „ Некрофилски на Дизниленд“.
Не се ни очекуваше тој денеска да биде овде како министер за односи меѓу заедниците, ресорот кој се грижи за правата на малцинските заедници во Македонија.
Ги прашавме Министерството и Владата дали за денеска имаат на дневен ред одбележување на 11-ти јули, со оглед на тоа што Македонија беше коспонзор на резолуцијата на ОН за геноцидот, но оттаму ни вратија дека нема никакви планирани активности, со образложение дека според на програмата за работа и според буџетот на Министерството кое до пред 20 дена го водеше Артан Груби, нема планирана програма ниту планиран буџет за активности за одбележување на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Во одговорот на Владата велат дека единствени активности за кои се обезбедени средства се потпишувањето на Охридскиот договор и Денот на албанската азбука.
„Ова го прави повеќе од очигледно изоставувањето на другите заедници, не само од програмата на Министерството, туку и од односот на Министерството кон нив и воопшто кон нивните потреби“, вели Влада на РСМ.
Активистката Мерсиха Смаиловиќ запрашана за изјавата на министерот Иван Стоилковиќ кој геноцидот го нарече „некрофилски Дизниленд“, рече дека секој што го негира геноцидот се појавува пред судот.
Националниот совет на Бошњаците годинава во Скопје го организираше традиционалниот комеморативен марш „Марш за Сребреница“. Маршот почна од паркот Чаир и заврши на плоштадот „Македонија“.
