Секое трето девојче на 15 годишна возраст во Македонија, односно 31% од нив велат дека се осамени, а секое второ на таа возраст вели дека во последните 12 месеци се чувствувало тажно и безнадежно, со денови но и со недели, покажува анализата на регионалната канцеларија на СЗО за Европа. Психологот Сумеја Хамзи вели дека осаменоста влијае лошо на менталното здравје кај малолетниците, а препорачува родителите да им бидат најголеми поддржувачи на децата и во посебни случаи да се бара помош од професионалци, како што се психолозите.
-Осаменоста и изолацијата имаат значително негативно влијание врз менталното здравје, па експертите препорачуваат неколку начини за нивно намалување: Ограничување на користењето на социјалните мрежи, редовна физичка активност, доволно сон, волонтирање, негување вистински пријателства, професионална помош, не сите деца и млади луѓе се осамени од иста причина. Без разлика, најважно е да не дозволите детето или младото лице самостојно да се справува со овие проблеми“, вели Хамзи.
Родителите можат и треба да бидат поддршка и помош кога е потребно. Нежно, но цврсто охрабрувајќи ги да зборуваат за тоа како се чувствуваат, охрабрувајќи ги родителите да побараат стручна помош за тоа како да им пристапат на своите деца за да им помогнат полесно да се справат со осаменоста и животните проблеми.
Вознемирувачки феномен на модерното време е булизмот, односно задевањето, дури и онлајн, или уште полошо, уцената меѓу младите преку фотографии или видеа, што може да го доведе и до најлошото, па психологот Хамзи препорачува родителите да ги ограничат социјалните мрежи на своите деца.
-Знаеме повеќе за нивното негативно влијание кое поттикнува самоубиство или случаи на обиди за, како што се сајбер малтретирање, уцена преку пораки, фотографии, тоа значи дека личноста разбира дека ако таа работа стане вирална, нема начин да се спречи тоа и личноста за која станува збор може да се скрши психички. Имајќи предвид дека самоубиството е порана појава од социјалните мрежи, но можам да нагласам дека социјалните мрежи се генератор за извршување на такво дело. Затоа, родителите, старателите, треба да го ограничат користењето на социјалните мрежи и ангажирање во други активности.“, вели Хамзи.
Анализата на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација покажа дека е зголемен и бројот на сексуални искуства на 15-годишници од Македонија. Во просек, 30% од момчињата и 5% од девојчињата одговориле дека се сексуално активни.
