Села: ДИК ни го негира правото за член во Комисијата, Дерковски: АА-ААА ќе имаат сигурен член на следните избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДИК нема легитимитет бидејќи не му одговори на барањето на коалицијата АА-ААА да има свој член во комисијата. Ова го изјави лидерот на АА, Зијадин Села синоќа во емисијата Клик Плус.

„Зошто коалицијата АА и Алтернатива не доби член во комисијата на гласачкото место? Зошто ДИК не ни одговори на нашето барање. До оваа комисија побаравме четвртиот член, како што предвидува законот, четирите партии на последните парламентарни избори да и припаднат на коалицијата. Во моментот кога Беса премина во коалиција со СДСМ тогаш автоматски ова место и припаѓаше на коалицијата АА и Алтернатива“, рече Села.

Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски со против одговор. Вели дека според законот и според последните резултати од изборите, АА и Алтернатива ќе имаат сигурно место на следните парламентарни избори.

„Сега е изменета ситуацијата и веројатно сега ќе се промени составот односно ситуацијата значи може претставник на Алијансата за Албанците да биде член на ДИК а секако ќе имаат право и на претставници и членови на Избирачките одбори“, рече Дерковски.

ТВ21 со прашање до коалицијата АА-ААА дали е разговарано кој може да биде иден претставник на оваа коалиција во ДИК, велат дека оваа тема не е дискутирана воопшто и дека ваква одлука ќе донесат тогаш кога ќе дојде време.