Села за 100-те дена на Владата: Загрижен сум, македонскиот политички фактор е полн со предрасуди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва започна деветтата сезона на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, а првиот гостин е лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник Зијадин Села.

Села во студиото на ТВ21 зборуваше за новата Влада и нејзините први 100 дена по што истакна дека е загрижен бидејќи не гледа резултати од владината програма.

„Загрижен сум, да. Гледајќи ги настапите на оваа Влада. Ги спомнавте 100-те дена? 100 дена имаат значење. Новото мнозинство треба да ги покаже првите чекори од спроведувањето на програмата, но овие не ги гледаме“, рече Села.

Тој додава дека организацијата не треба да зависи само од еден поединец, премиерот, бидејќи според него, треба да има повеќе политички организации, бидејќи Албанците се уште не постигнале целосна рамноправност.

„Како општество продолжуваме да бидеме полни со предрасуди. Не ние, туку македонскиот политички фактор е полн со предрасуди кон Албанците… Само што влегоа, беше отстранет балансерот, се отвори Законот за употреба на јазиците…“, рече Села.