Села за Гаши: „Не знам дали е лицемер или само се однесува така“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијансата за Албанците, поточно Европскиот фронт, нема да предложи ново име за претседател на Комисијата за социјална политика. Зиадин Села рече дека првиот човек на Собранието треба да свика пленарна седница и повторно да се изгласа Илире Даути за претседател на предметната комисија.

„Господинот Гаши да прекине со играње на улогата на лицемер, не знам дали глуми лицемерие или е лицемерен, бидејќи ако е тогаш…се извинувам што му велам да не биде лицемерен. Бидејќи г. Гаши треба да биде свесен дека дека за прв пат за член на комисија се бара интерпелација и се става на дневен ред за интерпелација, г. Гаши можел да не ја стави на дневен интерпелацијата за одговорност кон Илире Дуати“, порача Зијадин Села.

Села го нарече Гаши лицемер поради тоа што, како што рече, можел да не ја стави  интерпелацијата за Илире Даути, на дневен ред.

„Сега г.Гаши треба да седне со сите пратеници и да се постигне консензус за повторно именување на сите парламентарни комисии..дека ќе ја врати Илире Даути? Членовите на комисијата се избираат како што се избираат на почеток  и сум кажал, смедам дека ние не можеме да предложиме друго име и нема да предоложиме друго име за оваа комисија, а господинот Гаши веќе го има нашиот предлог, нека свика пленарна седница и повторно да ја изгласаме Илире Даути“, вели Зијадин Села.

Инаку, пратеничката Илире Даути поднесе оставка од Комисијата за социјална политика. Оваа одлука доаѓа откако против неа беше изгласана интерпелација. Оставката на Илире Даути, од коалицијата ВРЕДИ, ја нарекуваат признание на слабост, додека за првиот вицепремиер Изет Меџити ова е обид обид Даути да се прогласи за херој преку ноќ.