Аналитичарот Селим Селими во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во изминатите 18 години се води истата опозициска дебата и во студиото, на политичката сцена.
„Која е вашата новина во оваа сцена? Како ќе ми ја вратите надежта, кога вие зборувате со истиот речник на опозициските партии веќе 18 години“, праша Селими.
