Семејство и водичи два дена заробени во пештера во Словенија – денеска oбид за извлекување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Водата во Крижна Јама, која го блокираше излезот на пет лица кои беа на туристичка тура, почна да се повлекува и до попладнево треба да падне доволно за да ги извлечат затрупаните од пештерата, изјави вчера Лука Залокар, техничкиот раководител на интервенцијата на пештерата.

Ова го изјави по враќањето на вториот тим нуркачи од пештерата.

Екипата спелеолошки нуркачи кои вчера околу 14 часот отишле кај тричленото семејство и двајца водичи, а од пештерата се вратиле околу 21 часот и 30 минути, кога соопштиле дека лицата се безбедни.

Чекаат поповолни услови за да излезат од пештерата – заробени се во тунел на приближно 2,4 километри од влезот во пештерата – на суво, на карпест полицата на десетина метри над водата. Им била доставена храна, лекови и сува облека.

Спасувачите во текот на ноќта дежурале пред влезот на Крижна јама, а утринава тим спелеолошки нуркачи повторно ќе излезат кај затрупаните лица за да го проценат нивото на водата и шансите за нивно безбедно враќање на површината.

За потсетување, пет лица се заробени во пештера во југозападна Словенија од саботата попладне, откако обилните дождови го подигнаа нивото на водата, а спасувачите не можеа безбедно да ги извлечат. Спасувачките нуркачи во неколку наврати доаѓале кај нив, им обезбедувале храна, вода, сува и топла облека, загреан шатор и светлина.