Семејството Дервиши остана на улица, пламените јазици проголтаа сѐ – Касами ветува помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Беким Дервиши. Сѐ што му остана од неговата куќа е оваа облека. Во куќата во која живееше под кирија синоќа избувна пожар кој зафати уште три други куќи. Тој со неговото 6-члено семејство остана на улица. Неговата единствена желба е да успее да најде макар една соба каде ќе ги помине ладните зимски денови.

Од Противпожарната единица велат дека минатата ноќ интервенирале брзо.

И градоначалникот на Тетово, Биљал Касами синоќа излезе на местото на настанот.

Сопственикот на куќата се здобил со полесни повреди, односно изгореници од прв степен, по што веднаш добил соодветна лекарска помош во Тетовската болница. Причините за пожарот сѐ уште не се познати.