СЕНЗАЦИЈА: Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Германија на нејзин терен!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја оствари најголемата победа во историјата. Го совлада четирикратниот светски првак Германија и тоа на нејзин терен. Она што не им успеваше на многу селекции низ 20 години, сега и успеа на Македонија. Победа на крајот со 1:2.

Германија ја покажа својата сила уште на стартот и ја погоди пречката. Но откако Македонија воспостави рамнотежа, потоа домаќинот се потешко играше. Така Алиоски имаше шанса, а во финишот од првиот дел стигна и водството. Барди додаде до Пандев кој стрела во мрежата.

На стартот од вториот дел Германија израмни. Практично од ништо, Германците стигнаа до гол. Сане беше срушен од Алиоски, за пенал, а во гол го претвори Гундоган.

Не ни беше досуден пенал во финишот, но да биде правдата задоволена се погрижи Елмас, кој по додавање од Адеми погоди во мрежата на Германија за 1:2, водство кое беше задржано до крајот за голема, историска победа на македонската репрезентација.