Сензација уште во 2. коло на Австралија Опен: Надал елиминиран!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Големо изненадување во второто коло на Австралија опен. Мекензи Мекдоналд од САД го победи и елиминираше првиот носител и големиот фаворит Рафаел Надал и го елиминираше од турнирот. Шпанецот долго време се мачеше со повреди, и на крајот со пораз од 3-0 е исфрлен од натпреварувањето.

Надал на крајот од вториот сет имаше проблеми со повредата, и побара медицински тајм-аут. И покрај повредата, Надал не се предаваше и го одигра целиот натпревар. На крајот по сетови беше 6:4, 6:4, 7:5 за нешто помалку од два часа тенис на „Род Лејвер“ Арената.

Следниот противник на Мекдоналд, кој ја оствари победата на кариерата, ќе биде подобриот од дуелот Јошихито Нишиоки и Далибор Сврчина.