Серија на земјотреси во Грција, еден од нив и на Халкидики

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку земјотреси го потресоа јужниот дел на Грција, во Средоземното море.

Најсилниот бил со јачина од 3,2 степени во близина на островот Кефалос, во морето, на длабочина од 15 километри.

Вториот со јачина од 2,7 степени бил во близина на островот Крит. Околу овој остров се случиле и помали земјотреси.

Еден од земјотресите бил на Халикидики, област која е полна со туристи и од Македонија во топлите периоди, на третиот крак. Истиот бил со јачина од 2,8 степени, на длабочина од 10 километри.

Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани десетици помали земјотреси, а најголемите беа од 4,5 степени и од 4,1 степени. Земјотресот од 4,5 степени беше регистриран во близина на остворот Евија. Причината е помала материјална штета и пукнатини на повеќе од 50 објекти.