Серија земјотреси утрово ја потресоа Грција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Утринава се регистрирани серија земјотреси во Грција, а истите можат да се забележат на веб страницата на Европскиот Медитерански Сеизмолошки Центар.

Се работи за 42 земјотреси со јачина која се движела од 2 до 4,5 степени според Рихтеровата скала, додека пак еден од нив бил најсилен со јачина од 5,5 степени според Рихтер.

Епицентарот на земјотресите биле на Додеканските острови, во близина на границата со Турција.

Засега нема информации за повредени и евентуална материјална штета.