Серија на земјотреси, од кои два со посилен интензитет од 4,1 и 2,7 степени според Рихтеровата скала, биле регистрирани утрово кај грчкиот остров Закинтос, во југозападна Грција.
Посилниот од двата се случил во 9:36 часот по локално време, со епицентар 38 километри југозападно од селото Кери, на длабочина од 11 километри. Вториот земјотрес бил на истото место 9 минути подоцна на длабочина од 15 километри. Потоа имало и помали земјотреси со помал интензитет.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Закинтос е сеизмички активен регион, кој во минатото доживеа силни земјотреси, со интензитет од над 7 степени.
