Шаќир Фетаху на чело на ИВЗ – нема да има политиката, ќе одиме според исламските начела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајцата кандидати за поглавар на ИВЗ се соочија еден со друг. Шаќир Фетаху муфтија од Гостивар и Ќани Несими муфтија од Тетово. Гласањето се одржа зад затворени врати. По еден час излегоа пред медиумите, а претседателот на избирачки совет на ИВЗ Мухамер Весели го соопшти победникот.

„Идниот реис ул улема на ИВЗ го прогласуваме досегашниот муфтија од Гостивар Хаџи Хафиз Ефенди Шаќири“, истакна Мухамер Весели.

Додека му се даваше збор на новиот Реис, кандидатот Ќани Несими си замина.

Новиот реис Хаџи Хафиз Ефенди Шаќири во својот говор рече дека ќе работи во интерес на граѓаните а особено за муслиманската заедница во земјава. Фетаху рече дека политиката нема да влијае веќе на ИВЗЏ и дека ќе се водат по исламските начела.

„Вистина е дека политиката е таа што сака секаде да продре. Ние ја почнавме оваа опција автономно и ќе одиме според начелата на исламот. Ќе се потрудиме нашата институција да биде таа која ќе сее морал меѓу луѓето и духовност“, посочи Шаќири Фетаху.

Инаку Шаќир Фетаху е избран со 18 гласа, наспроти Ќани Несими кој освои само 3. Тој не сакаше да се произнесе за медиумите.