Шеф на полиција во Хрватска поднесе оставка откако неговиот син истепал момче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Началникот на полициската управа сплитско-далматинска Слободан Марендиќ, поднесе неотповиклива оставка откако неговиот син во петокот навечер учествувал во тепачка во која едно момче е тешко повредено.

„Со оглед дека на повредувањето на момчето учествувал еден од моите синови, упатувал апел службениците да го истражат случајот максимално професионално, почитувајќи го начелото на институцинална независност“, соопшти Марендиќ.

„Иако не постои никаков пропуст во смисла на полициската управа, ниту лично сум се ограшил пред законот, сметам дека приватната стиауција во која се најдов како татко, е неспојива со мојата професионална улога како началник на полициската управа“, додаде Марендиќ.