Шекеринска на состанок на министрите за одбрана на НАТО: Последни подготовки за НАТО Самитот во Брисел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во попладневните часови, Северноатлантскиот совет одржува состанок во две одделни сесии на ниво на министри за надворешни работи и министри за одбрана. На состаноците ќе учествуваат министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Целта на состанокот на Северноатлантскиот совет е финализирање на подготовките за Самитот на НАТО, закажан за 14 јуни 2021 година, во Брисел. Главен тема на Самитот ќе биде НАТО 2030 иницијативата, која има за цел подготовка на Алијансата за идната декада.

На состанокот на министрите за одбрана се очекува да бидат потврдени одлуките за зајакнување на единството и определбата за колективна одбрана, за проширување на пристапот кон безбедноста и да се стави фокус на отпорноста на општествата на новите безбедносни предизвици.

Министерката Шекеринска ќе ги презентира националните ставови на Република Северна Македонија, ќе даде силна поддршка на определбата за зајакнување на колективната одбрана, како и на потребата за континуирана адаптација на новите безбедносни предизвици, со кои ниту една земја не може да се соочи самостојно.